Италијанското обвинителство започна истрага за 62 сомнителни трансфери во Серија А, пренесува „Република“.
Специјална комисија која е одговорна за дејствата на италијанските клубови испратиле претставка до обвинителот Џузепе Чине и до претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Се посолува дека е можно при повеќето трансфери да има „вештачки“ повишени цени, бидејќи многу со сомнителните трансфери се размена на фудбалери.
Во списокот се разгледува и трансферот на Виктор Осимен во Наполи, бидејќи како дел од трансферит дури четворица играчи одат во Лил за вкупна сума од 20 милиони евра.
Двајца од нив сега играат во четврта лига во Италија, еден во трета лига, а четвртиот е во Франција, но воопшто не игра.
Повеќето од сомнителните трансфери се на Јувентус, односно точно 42 трансфери.
Нереално изгледа како при размена на 21 играч Јувентус остварил приход од 90 милиони евра, а реалната цена за која подоцна биле продадени истите фудбалери е 3 милиони евра.
Happy to see that Covisoc is investigating lots of fictitious plusvalenze.
— Uncle $harma 🎙️ (@RSharmzz) October 27, 2021
Look how many dodgy deals Juventus have done recently…
"Tongya & Marley Aké, who Juve and Marseille exchanged for 8 million (therefore with 0 balance), play in the fourth French series and in Serie C" https://t.co/IomX94emMR pic.twitter.com/hpF9abCkQP