Дома Фудбал Италија Постигнат договор, наскоро важен потпис на Сан Сиро

Постигнат договор, наскоро важен потпис на Сан Сиро

Репрезентативецот на Данска Симон Кјаер е блиску до потпишување на нов договор со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

32 годишниот дефанзивец игра одлично и е еден од најважните фудбалери во тимот, па Милан сака да го задржи.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но последните информации се дека ја прифатил понудата на Милан.

Имено, Кјаер наскоро ќе стави потпис на договор до 2023 година, со опција за продолжување на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џексон и Делап донесуваат на Челзи над 120.000.000 евра!

Николас Џексон и Лијам Делап, како трет и четврт избор на позицијата напаѓач, ќе му донеса…