Дома Фудбал Италија Бонучи: Минатата година игравме за Роналдо

Бонучи: Минатата година игравме за Роналдо

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека тимот треба да го пронајде духот кој го имал пред пристигнувањето на Кристиано Роналдо.

Утре „бјанконерите“ му гостуваат на Зенит во ЛШ, а Бонучи откри дека можел да се пресели во рускиот клуб пред 10 години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Роналдо го направи својот избор и ние го респектираме. Минатата година игравме за него, сега групата треба да си го врати духот на Јуве, кој го имавме пред да пристигне тој“, изјави Бонучи.

„Пред 10 години можев да се преселам во Зенит. Конте ми кажа дека сум последен избор на списокот на дефанзивците и дека можам да си барам нов клуб. Меѓутоа, јас ја послужав мојата гордост и решив да останам и да се борам за место во Јувентус“, откри дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родриго на позајмица во Тотенхем?

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до склучување на договор со Реал…