Дома Фудбал Италија Милан започна преговори со Бенасер

Милан започна преговори со Бенасер

Милан започна преговори со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан веќе започна преговори за нов договор.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил значително зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

Бенасер е среќен на „Сан Сиро“ и двете страни се очекува брзо да стигнат до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид со пресврт против Рома во Лигата на шампионите

Реал Мадрид направи неверојатен пресврт против Рома, победувајќи со 4-3 и покрај тоа што г…