Дома Фудбал Италија Официјално: Серхио Ромеро има нов клуб

Официјално: Серхио Ромеро има нов клуб

Аргентинскиот голман Серхио Ромеро на крајот на минатата сезона го напушти Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ромеро претходните шест години ги помина во Манчестер Јунајтед каде што ја имаше улогата на резервен голман. Овој 34-годишен Аргентинец изминатото лето го напушти „Олд Трафорд“ откако му истече договорт и немаше понуда за продолжување на соработката.

Се очекуваше Ромеро пред почетокот на сезоната да пронајде нов клуб, но тоа не се случи. Три месеци беше без клуб, а сега потпиша договор со Венеција од Серија А. Италијанскиот фудбал за него не е непознат затоа што го носеше дресот на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…