Жозе Мурињо тврди дека многу се променил од времето кога беше на кормилото на Интер и истакна дека негова главна цел е да и донесе трофеи на Рома.




„Го имав посетено Рим како турист, но сега секој ден живеам овде и навистина е прекрасно. Во Милано беше поинаку, бидејќи тренинг центарот и мојот дом беа надвор од градот, па моите деца одеа на училиште во Лугано. Овде е различно бидејќи живеам во центарот на Рим и тоа ми помага да видам колку специјален клуб е Рома“, истакна Мурињо.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Сакам да и донесам трофеи на Рома, затоа што еден клуб живеа за трофеи. Навивачите живеат за Рома, но недостасуваат големи трофеи и ние почнавме да градиме проект со кој во иднина ќе се освојуваат трофеи. Сакам да се случи додека сум јас во клубот“, додаде „Специјалниот“.