Дома Фудбал Италија Дибала и Јувентус постигнале договор!

Дибала и Јувентус постигнале договор!

Паоло Дибала и Јувентус после долги преговори постигнале договор и наскоро фудбалерот ќе потпише нов тригодишна соработка.

Агентот на Аргентинецот е во Торино и наскоро соработката би требало да биде официјализирана. Преговорите долго се водеа, Јувентус дури и ризикуваше да се создаде незадоволство кај Дибала.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Јувентус Дибала ќе заработува осум милиони евра по сезоната што е помалку од неговите барања од 10 милиони евра. Сепак, треба да се спомене и дека неговата форма опадна во последните две сезони. Новиот договор на Дибала ќе има важност до јуни 2025 година.

Со доаѓањето на Алегри и заминувањето на Роналдо очекувањата се Дибала повторно да има една од поважните улоги на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо и Буфон први ја напуштаат Италија?

Џанлуиџи Буфон (48) навести дека тој и селекторот Џенаро Гатузо (48) ќе останат на чело на…