Дома Фудбал Италија Гасперини: Милан во моментов е најдобриот тим во Серија А

Гасперини: Милан во моментов е најдобриот тим во Серија А

Аталанта синоќа загуби на домашен терен од Милан, а тренерот Гасперини остана воодушевен од „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ доминираа во текот на целиот меч и имаа водство од 3:0 се до 86-та минута, а Аталанта во последните минути успеа да постигне две гола.

„Рано примениот гол многу влијаеше на натпреварот, а потоа вториот гол дојде по наша грешка. Кога Милан дојде до 2:0 ние ја загубивме самодовербата, но треба да му оддадеме почит на Милан, кој игра фантастично“.

„Денес Милан особено ме импресионира. Играат на уникатен начин и со многу интензитет. Во моментов во Серија А нема тим како росонерите“, истакна Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…