Италијанскиот шампион Интер после 11 години го освои Скудетото, но и покрај тоа финансиската ситуација во клубот е катастрофална.
За финансиските проблеми на „нероаѕурите“ стана јасно уште во летото, но сега беа официјализирани откако беше објавен финансискиот отчет за последната година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер објави загуба од 245,6 милиони евра, која е рекордна во историјата на Серија А. Претходната година „нероаѕурите“ објавија загуби од 102.4 милиони евра, па јасно е дека ситуацијата во клубот е алармантна.
Токму поради ваквите финансиски резултати Интер ова лето мораше да ги продаде Лукаку и Хакими, но тоа не ги реши во целост проблемите на клубот.
#Inter, il rosso è da record: è il più alto della storia in #Serie Ahttps://t.co/awOkC1k8lE pic.twitter.com/plQpp7dry8
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) September 30, 2021