Дома Фудбал Италија Милан се жали на УЕФА, судијата Чакир ќе биде суспендиран

Милан се жали на УЕФА, судијата Чакир ќе биде суспендиран

Дербито помеѓу Милан и Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони го одбележа судијата Чакир со своите контроверзни одлуки.

Милан остана без бодови во тој дуел откако во 95-та Чакир досуди непостоечки пенал за Атлетико, а претходно уште во 29-та минута престрого го исклучи Франк Кеси.

Милан водеше со 1-0 и беше одличен на теренот до црвениот картон на Кеси, кој директно влијаеше врз конечниот резултат.

Клубот ќе испрати жалба до УЕФА за судењето, а доколку го добие случајот, тогаш Турчинот ќе биде суспендиран на одредено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …