Љубителите на фудбалот синоќа можеа да уживаат во фантастично градско дерби помеѓу Лацио и Рома.




Римските гиганти одиграа одлично дерби на „Олимпико“ кое заврши со победа на Лацио од 3:2.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
После мечот во центарот на вниманието беше младиот Никола Залевски, кој влезе во игра при крајот на мечот.




Залевски имаше неколку одлични пробови и создаде шанси за Рома, но после завршувањето на мечот овој 19-годишен Полјак почна да плаче, а соиграчите го тешеа.




Имено, неговиот татко почина во петокот откако ја загуби тешката битка со ракот.




Младиот Залевски инсистирал да биде дел од тимот во римското дерби, а Мурињо му даде шанса да заигра.