Дома Фудбал Италија Конте демантира преговори со Арсенал и Барселона

Конте демантира преговори со Арсенал и Барселона

Италијанскиот стратег Антонио Конте ги демантираше шпекулациите дека води преговори со Арсенал и Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте минатата сезона го предводеше Интер до Скудетото, но во текот на летото го напушти кормилото на „нероаѕурите“.

Моментално е слободен агент, а медиумите го поврзуваат со Арсенал и Барселона.

Споменатите клубови имаат лош старт на сезоната и се погласно се шпекулира дека Артета и Куман може да добијат отказ, а Конте е прва желба на Каталонците и „топџиите“.

Меѓутоа, Конте демантира дека постојат било какви преговори и уште еднаш потврди дека оваа сезона сака да земе одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трансферот на македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е пред реализација!

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер е пред реализација на трансфер во Панатинаико…