Манчестер Јунајтед запиша победа на тешкото гостување кај Вест Хем во исклучително возбудлив натпревар (1:2).




Вест Хем прв дојде до водство со голот на Бенрама во 30 минута, но радоста на домашните траеше само 5 минути кога Роналдо израмни на 1:1, резултат со кој се замина на одмор.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во второто полувреме гледавме возбудлив меч, а впечаток беше дека Вест Хем го контролира мечот.




Резервистот Лингард на две минути пред крајот постигна прекрасен гол за 1:2, а Де Геа стави потпис на победата откако во 94-та минута му одбрани пенал на Нобл.