Италијанските медиуми пренесуваат дека Болоња му спрема отказ на тренерот Синиша Михајловиќ после дебаклот на „Џузепе Меаца“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Болоња вчера беше поразена од Интер со 6:1, а тоа може да го чини отказ Михајловиќ.
Раководството не е задоволно од играта на тимот од почетокот на сезоната, а понижувањето против Интер може да биде капка која ја прелеа чашата.
Според „Тутомеркато“ на местото на Михајловиќ може да дојде легендарниот играч за врска Даниеле Де Роси.
Де Роси беше асистент на Манчини, но го напушти стручниот штаб на Италија по завршувањето на Европското првенство и сега е во потрага по својата прва самостојна работа.