Дома Фудбал Англија Артета: Боли кога ги гледам европските натпреварувања, а таму го нема Арсенал

Артета: Боли кога ги гледам европските натпреварувања, а таму го нема Арсенал

Tренерот на Арсенал Микел Артета истакна дека му е болно да ги следи европските натпревари кога во нив го нема Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Арсенал неколку години наназад игра лошо. Далеку се од екипата која беше страв и трепет, а оваа сезона не успеаа да се пласираат и во Европа.

„Боли кога ќе вклучам ТВ и ќе ги видам сите тие тимови, а таму го нема Арсенал. Навистина е болно. Не сакам да седам дома и го гледам Арсенал надвор од европските натпреварувања“, изјави Артета.

Лондонскиот тим и оваа сезона ја започна лошо. Победија само на еден од четирите натпревари на стартот од Премиер лигата. Очекувањата на навивачите секако беа далеку поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал е хаос: Родителите на две ѕвезди се јавиле кај Перез, не биле задоволни од минутажата!

Во Реал Мадрид во последниот период како да има се повеќе проблеми. По гласините за тензии…