Дома Фудбал Италија Венеција ги освои првите бодови во Серија А 🎥

Венеција ги освои првите бодови во Серија А 🎥

Фудбалерите на Венеција остварија победа во третото коло во Серија А откако на гости го совладаа Емполи со 2:1.

Натпреварот добро започна по повратникот во елитата после две децении, гостите поведоа во 13. минута преку Томас Анри.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дилемите околу победникот ги реши Давид Окереке, Нигериецот влезе во игра во 67. минута за само после една минута да го совлада Викарија.

Почесниот гол на домаќините беше дело на Недин Бајрами кој погоди од пенал.

Венеција така ги освои своите први бодови во италијанскиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе има кошмари од Естевао: Голот на Бразилецот од повеќе агли (Видео)

Челси успеа да го добие дербито против Ливерпул со 2-1, а херој на „сините“ беше Естевао с…