Дома Фудбал Италија Алегри: Роналдо повеќе не сакаше да игра за Јувентус

Алегри: Роналдо повеќе не сакаше да игра за Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри денес зборуваше за заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо.

Медиумите шпекулираа дека токму Алегри е причината за заминување на Роналдо, но тренерот го демантираше тоа.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Алегри истакна дека Роналдо донел одлука и повеќе не сакал да игра за Јувентус.

„Роналдо повеќе не сакаше да игра за Јувентус, па се врати во Јунајтед. Тоа ќе беше неговата последна сезона во Јувентус, па така предвидовме што ќе се случи следното лето. Кристијано мина три неверојатни години во Јувентус и му посакуваме се најдобро, животот продолжува“, истакна Алегри, кој додаде дека во фудбалот колективот освојува трофеи, а не поединците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ханси Флик и Барселона вечерва дознаа многу лоши вести!

Ханси Флик и останатиот стручниот штаб на Барселона вечерва дознаа многу лоши вести, а тоа…