Кристиано Роналдо денес после три години го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер Јунајтед.
Иако се чинеше дека ќе остане уште една сезона и ќе го одработи до крај договорот, сепак Португалецот одлучи да ја напушти „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо денес со емотивна порака се прости од италијанскиот гигант.
„Заминувам од прекрасен клуб, најголемиот во Италија и сигурно еден од најголемите во Европа. Ги дадов срцето и душата за Јувентус и за градот Торино, кои ќе ги сакам до мојот последен ден. Навивачите секогаш ме почитуваа и јас се обидов да ја вратам таа почит со борба во секој натпревар, секоја сезона, во секое натпреварување. Сега можеме да погледнеме наназад и да видиме дека остваривме големи нешта. Не се што сакавме, но испишавме убава приказна заедно. Јас засекогаш ќе бидам еден од вас. Сега и вие сте дел од мојата историја, како што и јас се чувствувам дека сум дел од вашата. Италија, Јувентус, Торино, тифози, секогаш ќе бидете во моето срце“, напиша Роналдо.