Иднината на Кристиано Роналдо беше предмет на шпекулации и многу медиуми тврдеа дека може да го напушти Јувентус ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо влезе во последната година од договорот, а „бјанконерите“ беа спремни да се ослободат од неговата висока плата.
Меѓутоа, сега стигна официјална потврда од потпретседателот Павел Недвед, кој потврди дека Роналдо останува во Јувентус.
„Кристиано Роналдо се враќа од одмор, повикан е да дојде на 26 јули. Тој ќе остане со нас“, изјави Недвед.