Дел од турските медуми денес објавија дека Езгјан Алиоски и Галатасарај постигнале договор и соработката би требало да биде официјализирана во наредните денови.
Преговорите помеѓу македонскиот репрезентативец и турскиот гигант се водеа подолго време затоа што заинтересирани имаше и други страни. Трабзонспор беше сериозен, но тие се откажаа наводно поради високите барања на Џани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега извесно е дека Алиоски ќе продолжи во Галатасарај. Со Галатасарај се поврзуваше и Лејвин Курзава, но сепак на крај клубот се одлучил за Џани.
За Лидс Алиоски одигра 162 натпревари, постигна 22 гола и подели 16 асистенции.