Дома Топ вести Роналдо спремен да остане во Јувентус, но бара нов договор

Роналдо спремен да остане во Јувентус, но бара нов договор

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема на Апенините, а и раководството на Јувентус ја очекува конечната одлука на Португалецот.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш доставил предлог до „старата дама“ Португалецот да остане во Торино уште две години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Договорот на Роналдо истекува следното лето и тој е спремен да ја намали својата плата, но да добие плус уште една година договор.

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека Роналдо сепак решил да остане во Јувентус но само ако клубот му го продолжи договорот до јуни 2023 година.

Роналдо моментално заработува 31 милион евра по сезона, а деталите од новиот договор не се познати, но се претпоставува дека ќе добива помеѓу 20 и 25 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…