Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, пренесуваат шпанските медиуми.
Симеоне ова лето ќе прави промени во тимот, а главна трансфер цел е Лаутрао Мартинез од Интер. „Јорганџиите“ се во финансиска криза и се спремни да го продадат Саул за да го донесат аргенинскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа што е сигурно е дека Симеоне сака Трипие да го испрати во Арсенал како замена за Белерин.
Од напаѓачи Симеоне ги има Суарез и Кореа, Мората останува во Јувентус, а големата желба е Лаутаро Мартинез.
Интер има финансиски проблеми и ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди, а Атлетико сака да ја искористи таквата ситуација.