Дома Фудбал Италија Враќањето на Алегри во Јувентус значи дефинитивно заминување на Роналдо?

Враќањето на Алегри во Јувентус значи дефинитивно заминување на Роналдо?

Веќе стана јасно дека Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на Јувентус.

Овој 53 годишен стратег се враќа на клупата на „старата дама“ после две години, а таму ќе го замени Андреа Пирло на кого ќе му биде врачен отказ после само една сезона на местото тренер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алегри со Јувентус постигна договор за соработка на четири години и договор вреден 36 милиони евра и се очекува да има целосна слобода во креирањето на на тим. Во Јувентус Алегри ќе има улога баш онаква каква што имаат англиските менаџери.

Со Алегри се очекуваат промени, а една од нив може да биде заминување на Кристиано Роналдо. Алегри не беше за Роналдо кога си заминуваше и неговата идеја и тогаш, а најавите се и дека сега ќе биде така, екипата да ја гради околу Паоло Дибала.

Одличниот стратег екипата ја водеше на 271 натпревар и оствари учинок од 191 победа, 43 нерешени резултати и 37 порази. Со Роналдо соработуваше во сезоната 2018/2019.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…