Дома Топ вести Планот на Реал Мадрид: Само продажба, нема позајмици

Планот на Реал Мадрид: Само продажба, нема позајмици

Реал Мадрид ќе ја промени политиката ова лето кога се во прашање излезните трансфери, открива „Марка“.

Реал ќе стави на продажба неколку фудбалери и ќе ја прекине традицијата за давање на позајмица. „Марка“ пренесува дека „кралевите“ се одлучиле на ваков чекор за да добијат што е можно повеќе пари за нови трансфери.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Реал сака да ги продаде сите фудбалери кои моментално се на позајмица како Одегард и Себањос (Арсенал), Лука Јовиќ (Ајнтрахт), Брахим Дијаз (Милан), Хесус Ваљехо (Гранада) и Таке Кубо (Гетафе).

Притоа на продажба ќе бидат ставени Иско и Герет Бејл, од чии високи плати клубот очекува да заработи значителна сума.

„Марка“ пренесува дека Реал собира пари бидејќи ова лето сака да направи големи трансфери, а примарна цел е Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…