Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта беше исклучително задоволен после освоениот трофеј во Купот.
Бараселона во финалето го победи Билбао со 4:0, а Лапорта се радува на освоениот трофеј, но проговори и за иднината на Лео Меси.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ова беше одлично финале против силен противник. Играчите имаа потреба од трофеј после подолго време. Се радувам за нив и за сите фанови. Се надевам дека ова ќе биде првиот од многуте трофеи кои ќе ги освоиме заедно“, истакна Лапорта.
„Лео е број еден во светот, тој е длабоко поврзан со Барселона. Убеден сум дека сака да остане и ние како раководство ќе направиме се што е во наша моќ за тоа да се случи“, додаде Лапорта.