Многу безо се очекува да биде потврден новиот формат кој ќе донесе промени во Лигата на шампионите.
Она што е најважно е што ќе се зголеми бројот на учесници и така повеќе екипи ќе се надеваат дека ќе бидат дел од фудбалската елита. Победникот во овој нов формат ќе одигра 17 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА со овој формат сака да им даде шанса на „помалите“ клубови да се надигруваат со најдобрите. Сите клубови во првата фаза би одиграле 10 натпревари, а останатите ќе бидат во нокаут рундите.
Ќе има табела од 1 до 36 и тука екипите ќе котираат во зависност од успехот во домашните првенства.
Најдобрите осум кои ќе соберат најмногу поени ќе одат во осминафиналето, а екипите од 9 до 16 место ќе играат двомеч со оние од 17 до 24. Така ќе се формираат осминафиналните парови.
Нормално не е можно сите да играат два пати, па затоа најдобрите ќе играат со два тима од нивното ниво, три од нивото подоле, со уште три од претпоследниот ранг и два од групата на екипи со најнизок ранг.