Раководството на Реал Мадрид определи четворица млади фудбалери кои се „недопирливи“ и сигуно нема да бидат продадени.
На „Сантиаго Бернабеу“ ја изработиле стратегијата и го одредиле, Валверде, Одегард, Винисиус и Родриго како иднина на тимот, тврди „Марка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На нив меѓу недопирливите се додаваат уште Куртоа, Тони Крос и Карим Бензема.
Ситуацијата со Серхио Рамос и Лукас Васкез е различна и клубот ќе ја чека нивната конечна одлука дали ќе го продолжат договорот.
Герет Бејл, Марсело и Иско ќе бидат слободни да си бараат нов клуб и Реал веќе им ја отворил излезната врата.
Можно е Рафаел Варан исто така да биде продаден доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната.