Дома Фудбал Италија Судијата кој го исклучи Ибра, повеќе нема да му суди на Милан

Судијата кој го исклучи Ибра, повеќе нема да му суди на Милан

Судиската комисија на Италијанската федерација не е задоволна од одлуката судијата Фабио Мареска да му покаже црвен картон на Ибрахимовиќ на мечот против Парма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, судијата погрешно го разбрал протестирањето на Ибрахимовиќ, па го испрати во соблекувална.

„Значи не се грижиш што кажав јас? Чудно…“, кажал саркастично Ибра, но судијата помислил дека го нарекол копиле.

Милан после мечот протестираше за ваквата одлука и неправилното исклучување на Ибра, а Судиската комисија оцени дека Мареска направил грешка.

Поради тоа Мареска ќе добие казна и во извесен период нема да му суди натпревари на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Андре Онана ќе продолжи да игра во Трабзонспор, откако турскиот клуб договори со Манчестер…