Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Реал ги нема Бејл и Роналдо, но се уште таму се Рамос, Модриќ и Крос

Клоп: Реал ги нема Бејл и Роналдо, но се уште таму се Рамос, Модриќ и Крос

Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Реал Мадрид.

Ќе биде тоа нов натпревар на финалистите од 2018 година кога во Киев Реал славеше со 3:1 и прилика „црвените“ да се одмаздат за овој пораз.

Новиот дуел со Реал го коментираше Јирген Клоп.

„Кристиано или Бејл не се таму, но се уште Реал ги има Рамос, Модриќ и Крос. Ќе биде тежок натпревар, но мене ждребот ми е сосема во ред кога ќе ги погледнете другите тимови. Ова е четвртфинале и лесни противници нема, сите се исклучително квалитетни“, изјави Клоп.

Првиот натпревар Реал и Ливерпул ќе го играат на 6.април, а реваншот е на 14. април на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …