Дома Македонски спорт Футсал тимот на Шкупи победи со 37:0!

Футсал тимот на Шкупи победи со 37:0!

Денес футсал тимот на Шкупи ја оствари својата најголема победа во историјата.

Чаирчани немаа милост кон Кратово и победија со неверојатни 37:0. Зоран Левевски кој е долгогодишен капитен на футсал репрезентацијата на Македонија постигна дури 15 голови, Еркан Шабани беше втор стрелец со седум Исмет Чека постигна шест, Бурак Мемеди четири, Иван Сотировски три. По еден гол постигнаа Арсим Фазли и Никола Димовски, еден гол беше автогол.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првото полувреме заврши со 17:0, а во второто Шкупи постигнуваше гол на секоја минута.

Немаме податок но сигурно дека оваа победа на Шкупи е и помеѓу највисоките на Балканот, па и Европа на еден официјален натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…