Денес на прес-конференција второлигашите во Македонија побараа да не се одржи Изборното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија.
Клубовите од втората лигата бараат да биде формирана комисија во која ќе има и членови од АМС, ФФМ и претставници на клубовите и таа комисија да изработи нов Статут на Фудбалската федерација кој би бил усогласен со законот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во главно барањето на клубовите е Статутот на ФФМ да се усогласи со законот за спорт. Ако не се исполни ова нивно барање тие најавуваат бојкот на натпреварувањата.