Дома Фудбал Италија Како се однесувал Ибрахимовиќ во соблекувалната по поразот од Интер?

Како се однесувал Ибрахимовиќ во соблекувалната по поразот од Интер?

Mилан вчера беше поразен во дербито против Интер со убедливи 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Златан Ибрахимовиќ на стартот од вториот дел имаше две добри прилики, но не успеа да го совлада Хандановиќ.

Стефано Пиоли го извади од игра кон средината на вториот дел, а после натпреварот Ибрахимовиќ не сакаше да дава изјави за медиумите.

Италијанските медиуми ги интересираше како се однесувал Ибра во соблекувалната, тоа им го открил Франк Кеси.

„Ни кажа дека таков е фудбалот, дека боли кога ќе изгубите, но и дека мораме да ја подигнеме главата и да продолжиме понатаму“, ги пренесе Кеси зборовите на Ибрахимовиќ.

Милан сега е на -4 од Интер во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не е познат по тоа што многу ч…