Денес италијанските клубови имаа состанок на Собранието на Серија А, на тој состанок се разговарало за ТВ-правата во периодото од 2021 до 2024 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој состанок бил обележан со голем скандал. Според информациите претседателот на Џенова, Енрико Прециози се степал со потпретседателот на Удинезе, Стефано Кампочија.
Инцидентот се случил за време на ручекот кога Прециози побарал на дневен ред да дојде и прашањето за приватните инвестициски фондови кои влегуваат во лигата. На ова негово барање бурно реагирал Кампочија и како што се пишува дошло до физичка пресметка.
Кога се ТВ правата во прашање најверојатно ќе ги добие „ДАЗН“ групацијата која понудил 850 милиони евра, 10 повеќе од „Скај Италија“.