Дома Фудбал Пике за Реал Мадрид: Не знаев дека подароците се бројат за титули

Пике за Реал Мадрид: Не знаев дека подароците се бројат за титули

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике повторно преку социјалните мрежи го „пецна“ својот голем ривал, Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се започна откако Пике објави Твит на кој напиша „34“, алудирајќи на фактот дека денес полни толку години.

Шпанскиот медиум „La Resistencia“ решија да се пошегуваат со Пике и му одговорија со фотографија од Реал Мадрид на која ја слават 34-та титула и напишаа: „Нееее, Жерард, што направи“.

Пике на тоа не остана должен и одговори: „Не знаев дека подароците се сметаат за титули“. Меѓутоа, дефанзивецот веднаш доби одговор алудирајќи на тоа дека Барселона им го „подари“  Луис Суарез на Атлетико Мадрид.

„Овогодишниот подарок исто така е со цена на титула“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…