Дома Фудбал Италија Ибра се огласи и порача: Во мојот свет нема место за расизам 🎥

Ибра се огласи и порача: Во мојот свет нема место за расизам 🎥

Синоќешното дерби помеѓу Милан и Интер го одбележа големата расправија помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку.

Двајцата влегоа во вербална расправија, па за малку беше избегната голема физичка пресметка помеѓу корпулентните напаѓачи.

Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости. Лукаку поради тоа полудел и сакаше да се пресмета со Златан.

Поради овие зборови многумина го обвинија Ибрахимовиќ за расизам, па денес се огласи Швеѓанецот со порака и интересно видео на социјалните мрежи.

„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса – Сите сме еднакви!! Сите ние сме ИГРАЧИ, некои подобри од другите“, порача Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крвава пресметка меѓу навивачи во Полска заврши трагично: Убиен млад човек, десет лица уапсени (ВИДЕО)

Нов случај на екстремно навивачко насилство ја потресе Полска. Во Краков викендов беше уби…