Масимилиано Алегри веќе подолго време е без клуб, а медиумите тврдат дека наскоро би можел да се врати во Серија А.
Алегри со успех ги водеше Милан и Јувентус, а сега би можел да го замени Пауло Фонсека на кормилото на Рома.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фонсека полека ја губи контролата врз тимот, влезе во расправија со капитенот Џеко, а и резултатите во последно време не се најдобри.
Раководството на „волчицата“ веќе го контактирало Алегри, кој е спремен да каже ДА на понудата.
Алегри е еден од најтрофејните италијански тренери кој има освоено шест Скудета и четири трофеи во италијанскиот Куп.