Дома Фудбал Италија Интер и Лаутаро преговараат за нов договор, но…

Интер и Лаутаро преговараат за нов договор, но…

Интер од пред неколку месеци започна преговори за продолжување на договорот со Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот беше мета на неколку европски гиганти минатото лето, па после завршување на трансфер пазарот Интер веднаш ги започна преговорите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Напаѓачот во моментов заработува само 1,5 милиони евра годишно, а Интер не е спремен да му понуди повеќе од 5 милиони евра по сезона.

Токму тоа е проблем во преговорите, бидејќи агентите на Лаутаро бараат 7 милиони евра годишно, што ќе го приближи до неговиот соиграч во нападот Ромелу Лукаку, кој заработува 8 милиони евра по сезона.

Денес агентите на Аргентинецот повторно имаа средба со раководството на „нероаѕурите“, но не е познато дали имало приближување на понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Удрете го, удрете го судијата“: Хаосот почна по пеналот во 93. минута, навивачи влегоа на теренот и почнаа да ги тепаат арбитрите (Видео)

Неверојатна сцена се случи во Босна и Херцеговина, на натпреварот од Втората лига на ФБиХ,…