Дома Фудбал Италија Елмас и другарите и нанесоа историски пораз на Фиоретина🎥

Елмас и другарите и нанесоа историски пораз на Фиоретина🎥

Наполи ја декласираше Фиорентина и и го нанесе најтешкиот пораз во историјата, откако попладнево победи со 6:0.

Уште од самиот старт Наполи тргна офанзивно и поведе во 5-та минута со голот на Инсиње. Потоа следуваше период на Фиорентина која создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи ги казни промашувањата со три гола до крајот на полувремет, погодија Даме, Лозано и Зиелински, па на одмор се замина со 4:0.

Во вториот дел се играше мирно без поголеми шанси, се до 72-та минута кога Наполи доби пенал, а сигурен реализатор беше Инсиње. Конечните 6:0 ги постави Политано во последната минута.

Елиф Елмас мечот го започна на клупата, а доби шанса да ги одигра последните дваесетина минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…