Дома Фудбал Италија Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Лукаку во 120-та минута ја елиминира Фиорентина и закажа дуел со Ибра🎥

Интер после продолженија ја елиминира Фиорентина во Купот на Италија и се пласираше во четвртфинале каде ќе игра со Милан.

Херој за „нероаѕурите“ беше Ромелу Лукаку, кој во 120-та минута го постигна победничкиот гол за Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ подобро го отворија мечот и дојдоа во водство во првото полувреме откако беше досуден пенал над Санчез. Сигурен реализатор од белата точка беше Видал.

Второто полувреме и припадна на Фиорентина, која израмни преку Куаме и го однесе мечот во продолженија.

Фудбалерите на Интер промашија неколку чисти шанси, а кога се чинеше дека победникот ќе биде решен на пенали, Лукаку постигна гол после одличниот центаршут на Барела.

Во четвртфиналето ќе има миланско дерби, кое на програмата е на 27-ми јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

БОМБА: Големи се шансите Пеп да го напушти кормилото на Манчестер Сити

Според информациите на реномираниот британски медиум Скај Спорт, иднината на Пеп Гвардиола…