Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко: Паузата добро ни дојде, февруари ќе биде тежок месец

Борко: Паузата добро ни дојде, февруари ќе биде тежок месец

Tимот на Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, а во февруари црвено-црните ги чека еден тежок распоред во кој ќе одиграат дури 11 натпревари во еден месец.

Седум од тие натпревари ќе бидат во Лигата на шампионите. Поради проблемите со коронавирусот Вардар одигра пет натпревари во првиот дел во ЛШ и оствари учинок од три порази, едно реми и една победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се подготвуваме за февруари кој ќе биде тежок месец, не чекаат 10-11 натпревари. Но, тоа треба да и да не мотивира да се држиме заедно за остварување на нашите цели. Паузата ни дојде добро на сите, да се одмориме и да се опоравиме од сите повреди кои ги имавме. Распоредот е тежок и мораме да останеме фокусирани. Ќе се обидеме да дојдеме до место погоре на табелата за да добиеме полесен противник во баражот. Не чека многу работа, мораме да мислиме само на успесите на Вардар и ракометот во Македнија“, изјави Борко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…