Дома Фудбал Италија Пиоли потврди: Ибрахимовиќ нема да биде спремен за против Јувентус

Пиоли потврди: Ибрахимовиќ нема да биде спремен за против Јувентус

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли на денешната прес-конференција потврди дека Златан Ибрахимовиќ нема да игра во утрешниот натпревар против Милан.

Швеѓанецот и понатаму се опоравува од повредата. Вчера тој објави видео од тренингот и се мислеше дека можеби сепак ќе биде спремен да игра во дербито. Сепак, Пиоли потврди дека Ибра нема да биде спремен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Златан е се подобро, но за утрешниот натпревар нема да биде спремен“, изјави Пиоли.

Последниот натпревар Ибрахимовиќ го одигра на 22 ноември во победата од 3:1 против Наполи. Сезонава во Серија А одигра шест натпревари и постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино сака да се врати во Премиер лигата: Ми недостига англискиот фудбал

Маурисио Покетино, селектор на Соединетите Американски Држави, кој се поврзува со менаџерс…