Златан Ибрахимовиќ, заедно со Роналдо, е најголема ѕвезда во Серија А, па лигата ќе го прилагодува календарот поради него.
Организаторите на Серија А планираат да ги преместат датумите на натпреварите од 25. коло затоа што Ибрахимовиќ ќе учествува на музичкиот фестивал Сан Ремо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, натпреварот кој Милан го игра во март а е дел од 25 коло против Удинезе наместо од 20:30 ќе се игра во термин од 19 часот, пренесуваат медиумите од Италија.
Фестивалот е на програмата на почетокот на март, а натпреварите од 25 кола се планирани за 2, 3 и 4 март.
Милан треба да го одигра својот натпревар на 3 март во 20:45 часот, па затоа е одлучено да се премести терминот, за да може Ибра да стигне на Сан Ремо.
Achille Lauro y Elodie🎤 (San Remo 2020) y la estrella del balónpie ⚽ Zlatan Ibrahimović, confirmados por el director artístico, Amadeus, como invitados de #Sanremo2021#sanremo #eurovision pic.twitter.com/M6o5djTLNM
— Eurovision-Spot (@EurovisionSpot) December 30, 2020