Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за можното заминување на Лео Меси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси има право од 1. јануари да преговара со други клубови, бидејќи на лето му истекува договорот и станува слободен играч.
„Меси е добар, тренираше на 30. и 31. декември, кога останатите имаа прослави. Се чувствува добро, подготвен е и сака да игра.“ – рече Куман и додаде:
„Треба да ја согледате целата ситуација. Како и секој играч на кој му истекува договорот, слободен е сам да одлучи како сака. Ќе ја почитувам секоја одлука, не сме поради тоа нервозни или загрижени.“
Многу клубови се интересираат за Меси, но пред сите се Манчестер Сити и ПСЖ. Многу зависи и тоа кој ќе биде претседател на Барселона, а изборите се на 24. јануари.