Дома Фудбал Англија Арсенал нема да го отпушти Артета: Клубот се уште му верува

Арсенал нема да го отпушти Артета: Клубот се уште му верува

Во Арсенал изгледа дека после победата над Челзи немаат намера да го променат тренерот.

Микел Артета барем засега не се прослави во Арсенал и неговиот тим после 15 одиграни кола е во долниот дел на табелата, но победата над градскиот ривал Челзи на „Емирати“ придонела раководството да продолжи да му верува.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Според познатиот новинар Фабрицио Романо, Артета ја има целата поддршка од управата на клубот. Управниот одбор на „топџиите“ гледа вистински човек во Артета за изградба на долгорочен проект.

Поддршка за Артета јавно неодамна искажа и Пеп Гвардиола кој порача дека клубот треба да му даде време.

Ситуацијата во Арсенал можеби ќе беше поинаква ако Артета не победеше во градското дерби во саботата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Никој како Кејн: Го сруши рекордот на Робен со 40 натпревари помалку!

Хари Кејн претставува вистинска голгетерска машина. Овој викенд, Кејн повторно погоди во т…