Апелациониот суд во Италија ја потврди затворската казна за поранешниот голгетер на Јувентус и репрезентацијата на Италија, Виченцо Јакинта.
Јакинта е осуден на две години затвор поради нелегално поседување на ор ужје. Освен Јакинта осуден и неговиот татко кој доби затворска казна од дури 13 години. По пресудата Јакинта се огласи на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Пред неколку години бев светски шампион, а денес со татко ми сме жртва на италијанскатап правда. Никогаш не сум помислил дека ќе треба да се бранам од вакви обвинувања. Слушајте ме без да размислувате а фудбалот. Се залагам за честа на татко и моите четири деца кои не можат да живеат на начин кои се храни со неправда. Се чуствувам осамено и обесхрабрено како никогаш претходно. Разочаран сум што некои луѓе и вторпат не се држеа до реалната слика и фактите. Првиот пат можеби е грешка, вториот веќе е намера. Не можам да не врескам на цел глас за невиноста на татко ми, му го должам тоа. И должам и на сеќавањето на мајка ми која почина од болка. Татко ми е во затвор по грешка и се додека таа не биде исправена нема да запрам“, гласи пораката на Јакинта.
За репрезентацијата на Италија со која го освои Светското првенство тој има шест гола на 40 натпревари.