Дома Фудбал Италија Сензација во Торино: Фиорентина го декласира Јувентус🎥

Сензација во Торино: Фиорентина го декласира Јувентус🎥

Фиорентина приреди вистинско изненадување и славеше на гостувањето кај шампионот Јувентус со високи 3:0.

Фиорентина после цели 12 години успеа да го победи големиот ривал во Торино, а мечот од самиот старт почна одлично за „виолетовите“.

Влаховиќ во 3-та минута го матира Шчешни после едно феноменално додавање на Рибери. Веќе во 18-та минута нови проблеми за „старата дама“ кога Квадрадо доби црвен картон.

Јувентус со играч помалку не успеа да се врати во мечот, иако спорадично се закануваше преку Роналдо и Киеза.

Во второто полувреме Фиорентина дојде до 2:0 со автоголот на Алекс Сандро, а конечните 3:0 ги постави Касерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гранит Џака во нов скандал: Вербален судир во трговски центар

Гранит Џака, капитенот на Сандерленд и швајцарската репрезентација, се најде во центарот н…