Дома Фудбал Италија Касано жестоко го нападна Конте

Касано жестоко го нападна Конте

Интер беше елиминиран од европските натпреварувања, откако како последен заврши во групата во Лигата на шампиони.

Поради тоа италијанската јавност упати силни критики кон тренерот Антонио Конте, кој сега како императив ќе мора да го освои Скудетото.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Жесток во критиките кон Конте беше и Антонио Касано, кој смета дека тренерот „уништил“ неколку фудбалери на Интер.

„Во овие шест меча во ЛШ, Интер помина многу лошо. Играше без никаква идеја. Во фудбалот најважен е квалитетот. Во Италија можете да играте со Лукаку, кој е физички доминантен, но во ЛШ ви треба нешто повеќе. Ериксен за 5 минути покажа повеќе од Гаљардини и Барела за цел меч. Конте сега мора да направи една работа, а тоа е да го освои Скудетото, во спротивно ќе има „масакр“, се мора да се смени“, вели Касано.

„Милан Скриниар пред доаѓањето на Конте беше еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Конте го масакрираше. Го масакрираше и Годин, лошо се однесуваше кон него. Не е дефинирана ни улогата на Хакими, кој игра конфузно кај Конте“, додаде Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија с…