Дома Фудбал Италија Ериксен бира помеѓу три клуба

Ериксен бира помеѓу три клуба

Кристијан Ериксен ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок.

Данскиот фудбалер не е во плановите на Антонио Конте. Не се вклопува во неговиот систем на игра и оваа зима ќе го промени клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тутоспорт тврди дека три тима покажале интерес за ангажирање на данскиот фудбалер. Тоа се ПСЖ, Баерн и Арсенал. Помеѓу овие три клуба треба да се бара неговиот нов тим.

Не е познато дали Ериксен ќе замине во замена за некој друг играл или Интер ќе успее да го продаде, но јасно е дека нема повеќе да биде член на Нероаѕурите.

ПСЖ наводно се спремни да понудат размена за Парадес, Баерн го нуди Толисо, а Арсенал Гранит Џака.

Многу брзо ќе дознаеме каде Ериксен ќе ја продолжи кариерата, а својот престој во Милано нема да го памети по добро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо: Мбапе е сè подобар, ќе биде спремен за следниот меч

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше пред медиумите пред вториот натпревар за “…