Дома Фудбал Италија Рома во проблеми, должи 400 милиони!

Рома во проблеми, должи 400 милиони!

Италијанскиот фудбалски клуб Рома се наоѓа во големи финансиски проблеми, пренесуваат медиумите на Апенините.

Последните финансиски извештаи од клубот велат дека поранешниот претседател Џејмс Палота оставил хаос позади себе и долг од скоро 400 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На последниот состанок на акционерите соопштено е дека долгот на римскиот клуб изнесува точно 394 милиони евра.

Долгот во однос на јуни месец е зголемен за дури 94 милиони евра, а главната причина за ова е неиграњето во Лигата на шампиони.

Очекувано, приходите паднаа од 232 милиони на само 141 милион евра, па Рома моментално е клуб со втор најголем губиток во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан и Интер го пресметуваат зголемениот приход од новиот стадион

Двата фудбалски тима од Милано, Интер и Милан, имаат амбициозни планови да ги зголемат при…