Серија А е едно од првенствата каде што ВАР технологијата предизвикува најмногу контроверзии.
Во Италија практично после секое коло има некој натпревар за кој посебно се коментира. Џанлука Роки поранешниот италијански судија кој се пензионираше пред неколку месеци најави правило кое би можело да го уништи сјајот на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, сериозно се размислува за правило екипата да има право побара употреба на ВАР, нешто слично како што е „челеџот“ во тенисот.
„Тоа би можело да биде решение. Во некои ситуации би им било полесно на судиите од ВАР собата. Во некои моменти во кои погрешиле одговорноста би се префрлила на клубот“, изјави Роки.
Сега замислите дерби натпревари Јувентус – Интер, Милан – Интер…и ситуации каде што тимовите бараат користење на ВАР. На што би личело тоа?!